(Фото) Фотографиран Мајбах од 300 илјади евра на богат струмичанец

t

Додека македонскиот народ се соочува со инфлација од 6,7 проценти само минатата година и вртоглав раст на цените на основните продукти, некој навреме го натоварил бродот и сега за него нема зиме.

Во Албанија е фотографиран Мерцедес Мајбах од 300 илјади евра на богат струмичанец кој очигледно нема никаков проблем со економската криза која ја зафати Македонија.

Имено ваков ист Мерцедес поседува првиот братучед на екс-премиерот Зоран Заев, Трајче Заев кој е познат по неговиот бизнис со марихуана.

Зоран Заев на прес конференција, по новинарско прашање, истакна дека од 61 компанија која работи со одгледување на канабис за медицински цели, само една била во сопственост на неговата фамилија.

„Сите останати 60 се на другите инвеститори во државава, домашни и странски кои што ги има. Во еден наврат мојот братучед и јавно кажа да ја затвори компанијата ако е пречка за сите други 60, но во сите овие македонски компании работат наши граѓани. Платата е меѓу 700 – 1500 евра, зборувам за средно образование“, порача Заев.

Инаку само минатата година непозната македонска компанија увезе огромна количина на марихуана од Африка вредна 85 милиони евра.

Да потсетиме дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваше Трајче Заев, братучед на екс-премиерот дека има поврзаност на негови фирми со акцијата на МВР и американската ДЕА за заплена на 200 килограми марихуана на превојот Плетвар, а меѓу другото се шпекулираше дека неговиот личен шофер управувал со комбето во кое се превезувала дрогата.

Според него, комбето во кое се превезувала дрогата не е сопственост на фирма на Заеви, ниту, пак, некој од уапсените е вработен во која било фирма на Заеви.

„Два дена по ред следам како еден политички субјект, исклучиво заради сопствени политички цели, се обидува да го извалка моето име и името на компаниите во сопственост на Заеви. За да ѝ биде јасно на целата македонска јавност, а посебно да се знае за злонамерната цел на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ сакам да го објавам следното: Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви. Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви. Јас сум на службено патување од 23 март во Обединетите Арапски Емирати, со цел проширување на работата на нашите компании, отворање нови пазари за нашите домашни македонски производи и стекнување на нови партнери за соработка“, напиша тогаш Трајче Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…

Коцевски требаше да ги гони и своите…

Адвокатот Звонко Давидовиќ вечерва во „24 анализа“…

Бела куќа: Иран би можел да произведе…

Иран би можел да произведе нуклеарно оружје…

Медиуми: Историски пресврт, се вработуваат рекорден број…

Во државните институции се случува историски пресврт,…

Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста…

Унгарската полиција денес објави дека ја забрани…