(Фото) Чествување на Револуцијата на ридот над Будинарци – 217 години од раѓањето на Дедо Иљо Малешевски, 115 години од смртта на Димитар Поп Георгиев – Беровски
Вчера, 26 ноември, Господово лето 2022, во село Будинарци, во славната Малешевија, ја чествувавме македонската револуционерна историја. 217 години од раѓањето на Дедо Иљо Малешевски и 182 години од раѓањето и 115 години од смртта на Димитар Поп Георгиев – Беровски.
Заедно со Ефтим Клатников, Драган Димишков(од Скопје), Петар Медарски и Ванчо Каранфилов(од Кочани), и голем број на луѓе од берово, с. Будинарци и околните села им оддадовме почит на нашите првоапостоли-револуционери, кои ги иницирале, подготвувале и дигнале Разловечкото и Македонското востание, првото во 1876г., второто во 1878/9г.
Ви приложувам една народна песна, извод од Записите на Димитар Поп Георгиев – Беровски, со цел сите да се уверат дека тигаш, во 18-от век, на големо била присутна македонската национална свест, како во револуционерното дело на на нашите револуционери, така и во народното творештво.
Песна на Народниот пејач
Запали се, Маце планината,
Планината ле, Маце, Митрашинска,
Митрашинска Маце мори, Будинарска,
Будинарска ле Маце, ем Разловска,
И полето, ле Маце, Пијанечко,
Запали ја, Маце, млад војвода,
Млад војвода ле, Маце, млад Димитар
Поп Георгиев, Маце мори, от Берово,
И поп Стојан ле, Маце, от Разловци,
Македонско знаме, Маце, ја развјава.
Пушки пукат ле, Маце, огин гори,
Па се горат, Маце мори тапиите,
Тапиите ле, Маце, рабушите,
Ај се борат, Маце мори, Македонци,
Македонци, ле Маце, за свобода.
“Овде народната воља беше нескршлива до очајание. За да се задоволи, владиката Јеротеј беше најсрамно истеран пред лицето на власта не само од Берово туку и надвор од округот…. но и јас како претставник на округот по црковното прашање и уште како полномошник(векил) на округот на Македонци и Турци за сите дела со власта…“(Од Записите на македонскиот револуционер Димитар Поп Георгиев Беровски, цитирано според Бранислав Синадиновиќ – Покорни, Македонија – милениумски сведоштва за идентитетското име, Напредок, Тетово, 2021).
Во прилог неколку фотографии од настанот.
Сотир Костов
П.С.
Деновиве ќе следува целосна репортажа од настанот
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
81 годишен дедо заработил кривична за силување…
Полициски службеници од Одделението за крвни и…
Што е тоа духовник и кој може…
Многумина од оние кои сакаат активно да…
Дeдo co шипka гo прeтeпaл внyкoт и…
Почина 6-годишното момче кое беше претепано со…
Еден Стpaтег, една Струмичка Барбика и немopaлна…
Колумната е кратка приказна за селските и…