(Фото) Ckaндал на повидок: Доктopaтот на Ковачевски го нema никаде
Димитар Ковачевски, роден 1974 година во Куманово, е доктор на економски науки, вонреден професор на Факултетот за деловна економија и менаџмент на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Тој е предавач на додипломските, последипломските и докторските студии и автор на голем број научни трудови од областа на економија и менаџмент објавени во меѓународни научни списанија и конференции, стои во официјалната биографија на новиот лидер на СДСМ, објавена на сајтот на Владата со оглед на фактот што тој е заменик министер за финансии.
Првата дупка во биографијата на Ковачевски ја детектираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ која се однесуваше на наводната диплома од Харвард која впрочем претставува онлајн курс.
Очигледно му годеше ПР стратегијата на неговата партија па Ковачевски молчеше кога во медиумите беше ословуван како студент од Харвард.
Дури и на неговиот профил на Линкдин курсот од Харвард го пишува во доменот образование, а не во доменот курсеви или други усовршувања.
Но истражувањето на Инфомакс покажа дека никаде не може да се пронајде ниту наводниот докторат на новиот лидер на Ковачевски.
Според неговата официјална биографија на сајтот на Владата, Докторските студии Ковачевски ги завршува на Економскиот факултет на Универзитетот Црна Гора во 2008 година.
-Средното образование го започнува во гимназијата “Гоце Делчев„ во Куманово, а го завршува во Вотервил Елизиан Мористаун Гимназијата во Минесота, САД. Во 1998 година дипломира на Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Економски Факултет, а на истиот факултет магистрира во 2003 година. Докторските студии по економија ги завршува на Економскиот факултет на Универзитетот Црна Гора во 2008 година каде се стекнува со титулата доктор на економски науки, пишува во неговата биографија.
Универзитетот има целосна датотека на сите докторски студии на студентите кои докторирале на факултетот за економски науки, но ја нема докторската студија на новиот лидер на СДСМ.
На страницата најстариот докторат е од 1990 година, а во 2008 кога наводно докторирал Ковачевски има само двајца докторанти, Милица Вукотич и Јелена Јанушевиќ, но не и популарниот Таче.
Доколку во пребарувачот го напишете неговото име ќе добието нула резултати, што упатува на тоа дека тој никогаш не завршил докторски студи на овој универзитет.
Инфомакс го контактираше и Универзитетот во Црна Гора од каде чекаме информации дали тој воопшто докторирал и на која тема.
Во меѓувреме оваа дилема најлесно може да ја разреши самиот Ковачевски со објавување на својот докторат.
На овој линк можете да погледнете кој се докторирал на Економскиот факултет при Универзитетот во Црна Гора.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Австралија им се извини на жртвите од…
Скандалот со талидомид е „едно од најтемните…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…