(Фото) Mасовен протест во Атина, демонстрантите бараат правда за загинатите во железничката насреќа

Фотографии направени од воздух го откриваат масовниот одзив на демонстрациите во центарот на Атина, по повод втората годишнина од железничката катастрофа во Темпи, која однесе 57 животи, објави Катимерини.
Протестот беше најмасовен во последните години, а неколку стотици илјади луѓе го преплавија плоштадот Синтагма и околните улици, барајќи правда за катастрофата во Темпи.
Претседателката на Здружението на жртвите од Темпи, Марија Каристијану, се обрати на масовната толпа во емотивен говор, зборувајќи за нејзината покојна ќерка и вети дека ќе се бори додека правдата не биде задоволена.
„Возљубено мое дете, поминаа две години од таа темна ноќ. Срце мое, денес сите се собравме овде за тебе. За тебе, моја девојка, и за сите оние кои никогаш не успеале“, рече таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Авион на грчкото воено воздухопловство вечерва од…
Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство…
Нов голем протест во Атина по несреќата…
На плоштадот Синтагма во Атина синоќа се…
Приведени 220 лица на протестите во Атина
За инцидентите што се случија вчера во…
(Фото) Mасовен протест во Атина, демонстрантите бараат…
Фотографии направени од воздух го откриваат масовниот…
Болни и повредени деца од Газа пренесени…
Десет болни и повредени деца од Појасот…