(Фото) Mасовен протест во Атина, демонстрантите бараат правда за загинатите во железничката насреќа

t

Фотографии направени од воздух го откриваат масовниот одзив на демонстрациите во центарот на Атина, по повод втората годишнина од железничката катастрофа во Темпи, која однесе 57 животи, објави Катимерини.

Протестот беше најмасовен во последните години, а неколку стотици илјади луѓе го преплавија плоштадот Синтагма и околните улици, барајќи правда за катастрофата во Темпи.

Претседателката на Здружението на жртвите од Темпи, Марија Каристијану, се обрати на масовната толпа во емотивен говор, зборувајќи за нејзината покојна ќерка и вети дека ќе се бори додека правдата не биде задоволена.

„Возљубено мое дете, поминаа две години од таа темна ноќ. Срце мое, денес сите се собравме овде за тебе. За тебе, моја девојка, и за сите оние кои никогаш не успеале“, рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Се судрија два противпожарни хеликоптери во…

Во текот на гаснењето на пожарот западно…

Познат адвокат во Атина до смрт претепан…

Во полн ек е истрагата за смртта…

(Видео) Град Скопје не успеа да го…

Екипите на Град Скопје не успеаја во…

Културните работници на протест: „Љутков, колегите ќе…

Синдикатот на културата повторно организираше протест, овојпат…

Пукање во центарот на Атина: Четворица повредени,…

Грчката полиција започна потера по 89-годишен осомничен…