(Фото) Бетон мало сутра: ГРЕКО му стави ѕвездичка на македонскиот јазик

t

Групата на земји против корупција на Советот на Европа (ГРЕКО) вториот извештај за оценките за мерките преземени од македонските власти го објави на англиски, на француски јазик и на МК со ѕвездичка. Во објаснувањето на ѕвездичката пишува дека се работи за неофицијален превод, обезбеден од властите на Македонија.

Сепак, се работи за објава на официјалниот сајт на Советот на Европа. А и ако е неофицијален преводот, зошто не се кажува дека преводот е на македонски јазик, со објаснување дека е преводот неофицијален, а обезбеден од македонските власти.

Очигледно е дека се работи за некаква нова форма за да се избегнат сите можни непријатности во Стразбур, поврзани со употребата на зборот „македонски јазик“, коментира МКД.мк.

Непријатностите се присутни и во Брисел. Пред само 10 дена преведувач од Македонија добил понуда од ЕУ за превод од „северномакедонски“ јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Бетон мало сутра: ГРЕКО му стави…

Групата на земји против корупција на Советот…

Ахмети за спорот со јазикот: Прифатливо е…

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на предновогодишна…

(Видео) Прв македонски филм на „Netflix“ –…

Од петок (24.12) светската публика ќе има…