Објавено на:

Франција и САД: Русија ќе плати висока цена

t

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан разговараа за ситуацијата во Украина и односите на таа земја со Русија, пренесува Агенција Анадолија.

Тие зборуваа за тековните напори на сојузниците во НАТО, партнерите од ЕУ, членките Г7 и другите партнери за континуираното воено зајакнување на Русија на границите на Украина и важноста да се продолжи со поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент.

Тие, исто така, разговараа и за заедничките напори за зајакнување на источното крило на НАТО и за да се осигура дека Русија ја разбира високата цена што би ја платила доколку ја нападне Украина, се вели во извештајот.

Се разговараше за актуелните настани во регионот Сахел во Африка, се додава во соопштението.

Украина и Русија се во конфликт откако избија непријателства во источниот регион Донбас во 2014 година, откако Москва нелегално го анектираше полуостровот Крим.

Русија собра илјадници војници во близина на границата со Украина, што ги зголеми стравувањата дека би можела да планира нова воена офанзива против поранешната советска република.

Соединетите Држави и нивните сојузници предупредија на неизбежен напад и се заканија со „тешки последици“ за Русија.

Сепак, Москва негираше дека се подготвува за инвазија на Украина, тврдејќи дека руски војници се таму за да ги спроведат вежбите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…