Фрлена бомба во Косовска Митровица, во експлозијата повредени две лица

t

Две лица се повредени во Косовска Митровица откако експлозивна направа, најверојатно рачна бомба, била фрлена во близина на еден од угостителските објекти, на раскрсницата кај Техничкиот факултет.

Информацијата за КоССев ја потврди заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани.

Вечерва околу 23 часот и 50 минути во близина на хотелот „Бишевац“, на улицата „Књаза Милоша“ во Северна Митровица експлодирала сомнителна рачна бомба. Од експлозијата се оштетени седум возила, а две лица се повредени. Едно лице е со тешки телесни повреди, но е надвор од животна опасност. Надлежни полициски единици се на лице место и се занимаваат со случајот – вели Ељшани.

Бојан Вучиниќ, лекар во КБЦ Косовска Митровица, изјави дека околу полноќ бил примен маж со повеќе повреди предизвикани од експлозивна направа, а Косово онлајн пренесува дека пред болницата има припадници на косовската полиција.

Припадници на ЕУЛЕКС и КФОР биле на лице место, а истрагата е во тек, јавува Н1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски: Со акробации во Собрание ВМРО-ДПМНЕ го…

Денеска се одржа седница на Комисијата за…

Словенечкa протетичарка ќе им помага на повредените…

Директорот на ФЗОМ Сашо Клековски денеска се…

Притворениците во Хаг можат да играат тенис,…

Поранешните припадници на ОВК (УЧК) кои се…

Белата куќа не бара промена на режимот…

Белата куќа појаснува дека не бара промена…

Шефот на СБУ: Се подготвуваше обид за…

„Во Полска се подготвуваше обид за атентат…