Фудбалерите на ПСЖ за неколку месеци земаат плата колку годишниот буџет на Македонија
Француската јавноста остана помалку шокирана, во моментите на глобалната економска криза, по објавените месечни плати на фудбалерите на еден од најдобрите европски клубови, ПСЖ.
Нереални бројки фигурираат како месечни исплати за фудбалерите од кои „боли глава“. Секако, најплатен фудбалер на ПСЖ е Килијан Мбапе кој минатото лето потпиша нов договор, и на месечно ниво сега заработува неверојатни шест милиони евра.
Нејмар и Лионел Меси се веднаш зад него на листата со 3,675 милиони евра месечно, односно 3,375 милиони евра. Меѓу милионерите на месечно ниво се и бразилскиот дефанзивец Маркињос со 1,2 милиони евра, Марко Верати со 1,2 милиони евра и Ашраф Хакими кој заработува – 1,083 милиони евра месечно.
Но, ПСЖ, токму поради огромните трошоци како и притисокот од јавноста ова лето планира кратење на трошоците. Па, извесно е дека Лионел Меси и Серхио Рамос ќе го напуштат клубот.
Треба да се истакне дека и тренерот на клубот е убедливо најплатен во Лига 1. Искусниот стратег има огромни 665.000 евра месечна плата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
85.000 вработени во државната администрација во септември…
Министерството за финансии соопшти дека е постигнат…
Фудбалерите на ПСЖ за неколку месеци земаат…
Француската јавноста остана помалку шокирана, во моментите…
Ковачевски се пишмани: Никој не ги намалува…
Работниците и синдикатите да бидат мирни, никој…
По УКИМ и синдикатот на УКЛО-Битола бара…
Синдикалната организација при УКЛО-Битола на прес-конференција побара…
За другите нема: Власта троши дополнителни 50…
Власта ќе троши дополнителни 50 милиони евра…