Фуере: Софија треба да го признае македонското малцинство во Бугарија
Поранешниот амбасадор на Европската Унија во Македонија, Ерван Фуере, во изјава за порталот indeks.mk зборува за процесот на уставни измени во државата и за спорот меѓу Скопје и Софија.
Тој вели дека освен Македонија и Софија мора да покаже големина во спорот со Скопје, но и да ги почитува одлуките на Европскиот суд за човекови права во однос на македонското малцинство во Бугарија.
– Изборите пред македонскиот народ се тешки. Ако Бугарија сака да биде запаметена како земја членка на ЕУ која ги почитува и се придржува до основните принципи на човековите права и основните вредности на кои се заснова ЕУ, тогаш мора да ги прифати и спроведе одлуките на Европскиот суд за човекови права во однос на македонското малцинство во Бугарија по одобрувањето на уставните измени од парламентот на Македонија, изјавил Фуере.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон му порача на Нетанјаху дека двете…
Францускиот претседател Емануел Макрон денес за време…
Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…
Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…
САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…
САД ја продолжија националната вонредна состојба во…
„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за…
Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен…
Српската полиција уапси шест лица за „планирање…
Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…