Хаг започна да ги истражува можните воени злосторства во Украина
Меѓународниот кривичен суд (МКС) ќе се приклучи на тимот на ЕУ формиран минатиот месец за да ги испита наводите за воени злосторства во Украина.
Обвинителот од МКС Карим Кан и главните обвинители на Литванија, Полска и Украина денеска потпишаа договор за прво учество на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во истражниот тим, соопшти Евроџаст – Агенцијата на Европската унија за соработка во кривичното правосудство. Агенцијата прецизира дека заедничките напори ќе испратат „јасна порака дека ќе се вложат сите напори” да се соберат докази и одговорните да се изведат пред суд.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) истражува и гони осомничените поединечни воени злосторници кои не се изведуваат пред националните судови. На почетокот на март, главниот обвинител на МКС, Карим Кан соопшти дека планира да почне истрага за настаните во Украина „што е можно поскоро”, откако 39 земји повикаа да се спроведе истрага.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Првите Ф-16 пристигнаа во Украина
Првата серија американски ловци Ф-16 пристигна во…
Украинската амбасадорка се заблагодари за украинските граѓани…
Денеска во Министерството за внатрешни работи се…
(Видео) Нов украински напад на руска територија,…
Нападот со беспилотни летала изведен во текот…