Хакиран изборниот штаб на Трамп!
Изборниот штаб на американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп денеска објави дека дел од неговите внатрешни комуникации биле хакирани и за нападот го обвини Иран.
Тимот на Трамп не обезбеди директни докази за нивните тврдења, но потсети на непријателството меѓу поранешниот американски претседател и Техеран во минатото.
Изборниот штаб на Трамп го издаде соопштението откако информативната веб-страница Политико објави дека почнала да прима мејлови со внатрешни документи за кампањата од анонимна сметка.
„Овие документи се незаконски добиени од странски извори непријателски настроени кон САД, со намера да се мешаат во изборите во 2024 година и да направат хаос во нашиот демократски процес“, се вели во текстот.
Тимот на Трамп вчера цитираше соопштение од претставници на Мајкрософт дека хакери поврзани со иранските власти се обиделе во јуни да упаднат во профилот на висок претставник на предизборниот штаб на САД. Американскиот софтверски гигант не го откри идентитетот на човекот.
„Иранците знаат дека претседателот Трамп ќе стави крај на нивното владеење на терор исто како што тоа го правеше во првите четири години во Белата куќа“, соопштија од тимот на републиканецот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Голем пад на рејтингот на Трамп
Од март оваа година актуелниот претседател на…
Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…
Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…
Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…
Католичката црква е позната по строгите правила…