Објавено на:

Хакиран Меѓународниот Кривичен Суд

t

Меѓународниот Кривичен Суд (ICC) денес објави дека детектирал сомнителна активност во нивниот информатички систем претходната недела.

„Превземавме вонредни мерки како одговор на сајбер сигурноста околу инцидентот за да се намали ударот врз судот“, објави Судот во своето соопштение.

Портпаролот на Судот кажа дека за сега не може да коментира повеќе околу инцидентот, за тоа како и на кој начин е влезено во системите за комуникација на Судот и колкава е штетата од хакирањето.

Холандската влада соопшти дека ќе помогне околу истрагата на инцидентот во Судот, а Судот кажа дека ќе превземе итни мерки за заголемувањето на сајбер безбедноста на неговите системи.

Маѓународниот кривичен суд е со седиште во Хаг и е основан во 2002-ра година за да истражува воени злосторства и злосторстрва против хуманоста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…

Зеќири се расплака во завршните зборови на…

Во завршните зборови на судењето против поранешниот…

Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на…

Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана…

Амнестија за најблиските луѓе на Мицкоски: „Пресврт“…

Постапката е запрена поради сменети искази на…