Хактан: Премиере, како тоа нашите работници не се продуктивни а приватните компании прават милиони евра профит?
*Објава на Фејсбук на пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан:
Пази сега.
Премиерот најави дека растот на платите ќе бил врзан со растот на продуктивноста!? Демек, колку ќе заслужиле толку ќе добиеле…што секако се алудира на тоа дека нашите работници демек не се продуктивни.
Абе премиере, прво, платата не е само “заслуга”, туку пред се основна социјална гаранција и средство за достоинствен живот. Оти прво јадеш па потоа работиш.
Второ, како тоа нашите работници не се продуктивни а приватните компании, домашни и странски, прават милиони евра профит: Провери го профитот на ЕВН, Т-мобиле, Џонсон Мети, Мак Петрол, УСЈЕ, Мермерен комбинат Прилеп, Пивара, Витаминка, Банките наши насушни, Приватни болници и еден куп други помали бизниси тендераши и особено градежни компании кои ги испраа сите пари на балканските криминалци.
Трето: растот на продуктивноста не зависи само од работната сила бе премиере. Машини, технологии, берзански малверзации..ДРЖАВНИ СУБВЕНЦИИ!?
И после една ваква изјава, типична за десничарски елитист кој се смета за длабоко заслужен за својот материјален комфор во кој ужива, стекнат од бизниси со електрична енергија, искачаш и велиш дека платите пораснале за 11% !?
Премиере ма, симни се од врвот, ќе видиш како е. Која ви е таа ведска математика шамбала пресметка.
Според податоците објавени од Заводот за статистика, реалниот раст на платите во Македонија во периодот Јануари – Мај 2025 изнесува 3,5%.
Башка, растот на цените на основните продукти (зелечук +63%, овошје +33%) е драматично повисок од растот на реалните плати (околу +3,3%). Што во класно општество инфлацијата претставува скриен механизам на прераспределба – зема од сиромашните и им дава на богатите.
Владата мери просек, народот празни ќеси. Богатите остануваат богати а работниците, тие нека се хранат со статистика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хактан: Премиере, како тоа нашите работници не…
*Објава на Фејсбук на пратеникот од Левица,…
Левица: Суспендираниот раководител на инспекторатот во Битола…
Суспендираниот раководител на битолскиот инспекторат Кирил Мицевски,…
Министерството за одбрана лаже – најдобрите кандидати…
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА ЛАЖЕ - НАЈДОБРИТЕ КАНДИДАТИ…
Началникот кој без налог сакаше да ја…
Началникот на ОВР Демир Хисар - РОБЕРТ…
Дојранско езеро умира, Меџити во кампања, а…
ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО УМИРА, МЕЏИТИ ВО КАМПАЊА, А…