Левица: Суспендираниот раководител на инспекторатот во Битола со имот како бизнисмен!
Суспендираниот раководител на битолскиот инспекторат Кирил Мицевски, кој веќе е под обвинение за дивоградба и злоупотреба на службената функција, поседува четири стана и дивоградба за кој постои постапка, велат од локалниот огранок на Левица во Битола.
– Како што Левица ги откриваше контроверзните дејствија на ова лице кое под сомнителни околности се поврзуваат случаеви за вршење на рекет и злоупотреба на службена должност спротивно од законот за вршење на штета на локалната самоуправа за нелегални градби и други дејствија, откриваме информации колку тежи овај корумпиран инспектор во катастарот за недвижности.
Според имотните листови кои се споделени за јавноста, на Улица “Ленинова 65” – во строгиот центар на градот – поседува цел спрат од зграда со повеќе станови со симптоматично поделени квадрати, каде цената достигнува 2000 евра по м².
Дополнително, поседува станови и на Улица “Партизанска”.
Прашањето е: Како со инспекторска плата може да се стекне ваков луксузен имот![]()
Дали овие станови се резултат на условување, рекетирање и злоупотреба на
функцијата![]()
Дали тој поседува уште поголем имот во Битола, Грција, Скопје и Охрид![]()
Јавно го повикуваме Основното јавно обвинителство и МВР да спроведат детална и непристрасна истрага за имотната состојба на овој поранешен функционер, и ако се утврди незаконско стекнување, да биде изведен пред лицето на правдата.
Како посетување за јавноста, раководителот на општинскиот инспекторат во Општина Битола, Кирил Мицевски е обвинет затоа што на своја парцела изградил непрописно луксузна куќа со базен која истата ја издавал за приватни журки.
Според имотен лист, оваа парцела има намена за помошни објекти во земјоделството, а не е наведено куќа и базен како што е на терен! – пишуваат од Левица Битола на Фејсбук.



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица не ја поддржа изградбата на две…
Советниците од политичката партија Левица на денешната…
Левица предлага државата да ви го врати…
Пратениците на Левица поднесоа Предлог-закон за семејна…
(Видео) Пронајдени и извадени над 1700 гранати…
Над 1.700 гранати се пронајдени и извадени…
Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки…
Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата…
Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…
Присуството на Левица на јавната трибина „Што…