Хамас го има најсмртоносното оружје против Израел

t

Веќе шест дена трае крвавата војна меѓу Израел и палестинската терористичка организација Хамас. Илјадници луѓе загинаа од двете страни, а повеќе од 4.000 беа ранети. Сепак, масакрот може да стане уште пострашен поради монструозната закана на Хамас, анализира Нова.рс.

Имено, лидерите на оваа терористичка организација испратија порака дека ќе ги убијат затворениците, како и ќе ги користат како жив штит, во случај израелските сили да ја нападнат територијата на Газа. Како што отчукува часовникот, Израел ветува дека нивниот одговор ќе се памети со децении и дека ќе следи силен контранапад. Израелските власти веруваат дека исламистичките милитанти во Газа држат околу 150 заложници, меѓу кои и жени и деца. Хамас тврди дека се заробени повеќе од 150 луѓе, меѓу кои и високи офицери на израелската армија.

Военото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, се закани дека ќе ги погуби израелските затвореници доколку Израел продолжи да бомбардира и убива цивили во Газа.

„Секое таргетирање на невини цивили без предупредување, за жал, ќе биде придружено со егзекуција на еден од затворениците во нашиот притвор, а ние ќе бидеме принудени да го пренесуваме во живо. Жалиме за оваа одлука, но сметаме дека непријателот Израел е одговорен за ова“, изјави Абу Обеида, портпарол на бригадите Касам на Хамас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите од Кочани официјално побараа средба со…

Семејствата и родителите на починатите во пожарот…

Пакистан ги затвори сите гранични премини со…

Пакистан ги затвори сите гранични премини со…

Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…

Согласно најновите податоци на Европската агенција за…

Полицаец издавал службени тајни од МВР по…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…