Хамас предаде уште двајца заложници на Црвениот крст во Газа

Палестинската екстремистичка група Хамас му предаде уште двајца заложници на Црвениот крст во Газа според договорот за прекин на огнот со Израел, јави ДПА.
Двајцата мажи, Тал Шохам и Авера Менгисту, беа предадени во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, а уште четворица заложници ќе бидат ослободени подоцна денеска, како дел од последната размена на заложници за затвореници во конфликтот.
Маскирани и вооружени припадници на Хамас ја чуваа бината во Рафа каде Шохам беше принуден да каже неколку зборови пред заложниците да им бидат предадени на работниците на Црвениот крст.
Останатите четворица заложници, Омер Шем-Тов, Елија Коен, Омер Венкерт и Хишам ал-Сајед, треба да бидат предадени во Нусејрат во центарот на Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп му се закани на Хамас веднаш…
Американскиот претседател Доналд Трамп го повика Хамас…
Израел до Хамас: Не правете грешка, портите…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска…
(Видео) Страшно сведоштво на израелски заложник на…
„Малку леб и малку вода. Не можев…
Хамас предаде уште двајца заложници на Црвениот…
Палестинската екстремистичка група Хамас му предаде уште…
Хамас ослободи уште двајца израелски заложници во…
Палестинската милитантна група Хамас му предаде двајца…