Хантер Бајден со федерално обвинение за нелегално поседување оружје

Хантер Бајден денес е обвинет за нелегално поседување оружје по завршувањето на истрагата на специјалниот обвинител од Делавер, Давид Вајс.
Бајден е обвинет за давање лажни изјава кога го купувал оружјето кое не смеел да го поседува. Лажната изјава при купување на оружје од лиценциран продавач на оружје е федерален криминал, но исто така е обвинет за поседување оружје од личност која е незаконски корисник на недозволени супстанции и дрога.
Обвинението се случува по пропаднатиот договор со судот во јули, кога се очекуваше Хантер Бајден да се изјасни крив за помали дела како одбегнување на плаќање данок и затајување данок како дел од договорот за да избегне казна затвор за незаконско поседување оружје. Тогашната судијка за случајот го одби договорот со адвокатите на синот на Џо Бајден, Хантер, со што го стави во многу незавидна положба со можност да заврши зад решетки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава против скопјанец за поседување на…
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен…
Дете во Волково возело автомобил во кој…
Петнаесетгодишно детет, во четвртокот вечерта, само возело…
Црна Гора: До 10 години затвор за…
Предложените нацрт-измени на Кривичниот законик на Црна…
„Наскоро ќе разговарам со Путин“: Трамп не…
Американскиот претседател Доналд Трамп не ја исклучи…
Обвинителен акт за 14 царински и полициски…
По спроведената истражна постапка во предметот под…