Хаос во Финска: За половина ден разграбани залихите на таблети со јод!

t

Финските аптеки останаа без таблети јод, информираат медиумите од земјата.

На веб-страницата на најголемиот синџир на аптеки во Финска, Универзитетската фармација, исто така е објавено дека аптеките останаа без препарати со јод.
Во услови на возбуда, властите апелираат да не се прават големи набавки.
„Нема потреба од големи набавки на медицински јод од страна на домаќинствата“, се вели во соопштението на финскиот фармацевтски регулатор Фимеа.

И финското аптекарско здружение Apteekkariliito известува дека нема причина за паника.
„Нема потреба да се складираат таблети со јод. Едно пакување од 10 таблети е доволно за неколку луѓе, а на луѓето над 40 години воопшто не им се потребни“, се вели во соопштението на организацијата, во кое се прецизира дека новите серии на лекот ќе да бидат достапни на полиците на аптеките додека се обработуваат нивните нарачки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанската наркомафија оперира и во Финска: Запленети…

Албанското Специјалното обвинителство, во соработка со финските…

Руски борбени авиони навлегле во воздушниот простор…

Министерството за одбрана на Финска соопшти дека…

Трагедија во Финска: Се судрија два хеликоптери,…

Патници во двата цивилни хеликоптери кои денеска…

Нов инцидент во Балтичкото Море: Пресечен подводен…

Подводниот кабел за напојување што ги поврзува…

Поранешниот фински претседател: Влез на Украина во…

Поранешниот претседател на Финска, Саули Нинисто изјави…