Хаос во Германија – Драстичниот потег на Лидл ги разбесни купувачите: Продавале масло за јадење само за купувачи над 18 години

t

Раководителите на продавницата Лидл во Нордерштет во германската сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн кратко време продавале сончогледово масло само за купувачи кои имаат повеќе од 18 години.

Тие се одлучиле на ваков драстичен потег, кој предизвика бес кај граѓаните, бидејќи многу родители ги испраќале своите деца да купат масло за јадење откако самите веќе го направиле тоа.

За потсетување, поради недостиг на масло, во продавниците во Германија може да се купи само по едно шише масло за јадење по домаќинство.

„Во Лидл во Нордерштет (Шлезвиг-Холштајн), неколку купувачи се обидоа да го заобиколат ова правило и ги испраќаа своите деца поединечно на благајните за да добијат повеќе шишиња сончогледово масло. Затоа, менаџерите на продавниците мораа да реагираат со забрана за продажба на сончогледово масло на деца“, велат од подружницата на Лидл, пренесува „Fenix Magazin“.

Веста брзо се прошири на социјалните мрежи, а многу купувачи изразиле огорченост и бес поради ваквата постапка на Лидл. Но, има и такви кои ги критикувале клиентите кои сакале на тој начин да дојдат до повеќе шишиња масло.

На крајот се огласи компанијата Лидл Груп, која не се согласува со ваквата постапка на својата подружница и веднаш ја повлече спорната мерка.

„Ги замолуваме нашите купувачи за разбирање и сакаме да им се извиниме за сите непријатности. Мерката веднаш беше повлечена“, велат од Лидл Груп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бомба од Шпанија: Ќе ја признае Палестина…

Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел…

Турција уапси 48 осомничени поврзани со ИСИС…

Турција уапси 48 осомничени поврзани со Исламската…

(Видео) Јакимовски: Максим Димитриевски им се придружи…

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски денеска од Крушево…

Два авиони се судрија со крилата на…

На лондонскиот аеродром Хитроу се случи инцидент…

Медведев: Акциите на Макрон се соучесништво во…

Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност, Дмитриј…