Хаос во судницата во „Идризово“ – обвинет се обрати кон мајката на починато дете, реагираа сите родители

t

Со изкази на сведоци, како дел од доказната постапка, денес во судницата во Идризово продолжува судската постапка за трагедијата во Кочани. На обвинителна клупа и денеска седнаа 37 обвинети – 34 физички и три правни лица, меѓу кои сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и државни службеници. Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност поради пропусти што директно довеле до трагедијата.

Додека траеше сведочењето на сведокот Габриела Наунова, мајка на Надица, жртва од „Пулс“, еден од обвинетите се обрати кон неа и изјави дека и таа треба да биде обвинета, затоа што пуштила малолетно дете во дискотеката.

По што бурно реагираа сите пристуни родители, а полицијата ги изнесе надвор за да се смират.

Мајката на починатото девојче сведочеше како сама со голи раце го кршела влезот пред дискотеката, за да може да им влегува воздух на децата кои биле внатре, а раскажа како еден од полицијаците одбил да и помогне кога побарала помош.

„Го кршев ѕидот пред влезот на дискотетката, да направам дупка за да им влегува воздух на децата“ – мајката на починатата Надица сведочеше како полицаец одбил да ѝ помогне за ќерка ѝ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во судницата во „Идризово“ – обвинет…

Со изкази на сведоци, како дел од…

„Го кршев ѕидот пред влезот на дискотетката,…

Со изкази на сведоци, како дел од…

„Многу време го реанимиравме, не можев, умот…

Со изкази на сведоци, како дел од…

Најден мобилен телефон во ќелијата на газдата…

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен…

Нацев: Со месеци сум цел на јавен…

Со воведни зборови на одбраната на Александар…