Најден мобилен телефон во ќелијата на газдата на „Пулс“

t

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште е предвидено сведочење на законските застапници на оштетените во овој предмет.

Пред почетокот на рочиштетот, беше соопштено дека во ќелијата на Дејан Јованов – Деко, газда на дискотеката „Пулс“, бил пронајден мобилен телефон.

Судијаката Дијана Груевска Илиевска го опомена и изјави дека ако ова повторно се случи, ќе бидат забранети посети.

Пронаоѓањето на мобилен телефон во притворските одделенија се смета за тежок дисциплински престап, бидејќи овозможува непречена комуникација со надворешниот свет, што може да влијае врз текот на истрагата или врз сведоците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе достават…

Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“…

Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…

Во просториите на Општина Делчево се одржа…

Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…

Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…

Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…

Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…

Голем пожар во автобуска компанија во Кочани

Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија…