Хаос во судница на судењето на „Плацеви за Водно“

t

Веројатно ако прашате било кој адвокат кој е еден од најголемите предизвици и проблеми со кои се соочува во секојдневното работење ќе ви посочи дека тоа е проблемот со отсуство на воспоставена пракса, со не толку мал исклучок кога станува збор за доделување на притвор кој во цел западен свет кон кој се стремиме се користи во најекстремни случаи.

Токму со овој проблем се соочи одбрaната и обвинетите во случајот „Плацеви на Водно“ кога на денешното рочиште судијата кој го води процесот закажа седум рочишта во еден месец.

Да добро прочитавте, случаите кои ги водат обвинителите од некогашното СЈО и натаму претставуваат исклучок кога станува збор за праксата, логиката и еднаквоста на оружјата во македонското правосудство.

И додека со месеци се чекаше да започне случајот за екс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, со откажување на прво рочиште и закажување на рочишта еднаш во месецот, вистинска тортура се врши врз политичките неистомисленици со Владата на СДСМ.

Веројатно оние кои ги следат состојбите во правосудството уште долго нема да ја заборават сликата на Миле Јанакиевски кој од домашен притвор на штаки беше донесен во судот се чини денес власта повторно го допре дното.

Имено Орце Камчев и неговата мајка Ратка Камчева беа спроведени на рочиште со позитивен тест за коронавирус и симптоми, а за башибозлукот да дојде до уште поголем израз нивните решнија за изолација беа поништени.

Ваквиот однос кон обвинените во случајот „Плацеви на Водно“, упорноста да се одржуваат рочишта на кои реално обвинетите не можат да се бранат, и форсирањето на 7 рочишта во еден месец укажува дека во отстуство на докази кај обвинителството и обвинение кое го разбија низа сведоци на претходните рочишта, судот се обидува да ја оневозможи одбраната да подготви докази, факти и аргументи кои ќе ја докажат невиноста на обвинетите.

Случајот Рашковски беше споменат не случајно со единствена цел да се укаже на двојните аршини во динамиката на рочишта кои ги закажува судот кога станува збор за случаи во кои се суди на лица блиски до власта, лица кои биле дел од извршната власт и оние кои власта ги гледа како непријатели.

Ако некогаш во животот сте ја имале таа несреќа да се најдете во судските лавиринти сигурно знаете со која „брзина“ се одвиваат судските процеси во Македонија

Токму двојните аршини во изминатиов период беа нотирани од сите релевантни меѓународни институции кои ги следат состојбите во правосудството во Македонија како и извештаите на Стејт Депатментот и Европската Комисија.

Правната држава и правото започнуваат таму каде што започнува еднаквоста на оружјата на странките во процесот, а завршуваат таму каде што започнуваат двојните аршини.

Пропаст на правната држава во судница

Денешното рочиште покажа дека во Македонија не функционира правната држава, дека двојните аришни се уште се темелен принцип според кој се водат сите, па и судските процеси во земјава.

Замислете, истиот судија закажува едно рочиште за обвинет кој е во куќен притвор во еден месец, а првото – подготвително рочиште го одложува, иако поради моќта и влијанието со која се уште располага Рашковски постои објективна опасност од влијание врз сведоци и врз истрагата. Впрочем, тоа и се случи кога обвинетиот екс-генерален секретар на Владата даваше изјави за медиуми и ја прекрши одлуката за куќен притвор. Ова во правна држава би значело и преиначување во мерка ефективен притвор. Но, не и во Македонија.

Во случајот „Плацеви на Водно“ пак, истиот судија, иако се работи за предмет во кој нема објективни причини за брзање во постапката се наметнува динамика со која се оптеретува ефективноста на одбраната на обвинетите, а се олеснува работата на обвинителот. Ако ова не е прекршување на начелото на еднаквост во оружјата, тогаш не знам што е.

Хаосот кој денес се случи во судницата, значи само едно – Македонија е земја во која судот се користи за тероризирање на политичките неистомисленици на актуелната власт. Независно која е таа.

А, како на друг начин би се толкувала одлуката да се отповика решение за изолација поради инфекција со коронавирус на обвинет, кој потоа насила се внесува во судница на рочиште кое поради недостапност на сведоците однапред се знае дека ќе биде одложено, освен како тортура?

Кажете ми, како општеството да има доверба во судството, кога за еден обвинет се пристапува со привилегии и се закажуваат рочишта еднаш месечно, а во друг предмет се закажуваат седум во истиот месец – и тоа од истиот судија?

Како, ако не како хаос, ќе го оцените однесувањето на обвинителот кој во судницата е поставен како врховен авторитет, иако тоа би требало да биде судијата?

И конечно, како би ја толкувале информацијата дека претседателот на судот лично вршел притисок врз судечкиот судија да врши тортура врз обвинетите?

Јас, а и меѓународните организации ова го толкуваат со еден збор – заробена држава.

Одбраната резигнирана

Сосема е нормално во една ваква ситуација одбраната да има силна реакција, иако и врз нив се вршат притисоци да бидат што е можно потивки и да функционираат „под радарот“.

Од одбраната на обвинетите велат дека од 1945 до денес се нема случено вакво наметнување на динамика во судница.

– Судијата реши да сослуша седум сведока , а јасно кажа дека за останатите сведоци ќе се изјасни понатаму односно ќе донесе решение со кое истите ќе ги прифати како сведоци или не. Самиот факт што судијата воопшто ќе решава за тоа дали некој ќе сведочи или ќе биде одбиен и нема да се дозволи неговото сведочење е ограничување на правото на одбрана и примена на двојни аршини во корист на обвинителството, затоа што никој на обвинителството не му ги одбива сведоците дури не ни проценува зошто истите ќе сведочат и на кои околност, велат од одбраната на обвинетите во случајот „Плацеви на Водно“ за Инфомакс.

Наметнувањето на ваква динамика, велат од одбраната е со цел да се намали квалитетот на одбранта на обвинетите.

– Ваквото “брзање“ или овој предмет или “блиц криг“ како што Вие го нарекувате секако ќе се одрази на квалитетот на одбраната особено ако го имате во предвид фактот дека за едно рочиште судот закажа сослушување на седум сведока што е навистина претерано, велат од одбраната за Инфомакс.

Во предметот „Плацеви на Водно“ обвинети се шест лица – екс-премиерот Никола Груевски, неговиот кум Ристе Новачевски, екс-директорот на УБК Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев и неговата мајка Ратка Камчева, како и Ненад Јосифовиќ.

Во досегашната постапка, името на Мијалков, Камчев, Јосифовиќ и Ратка е споменато вкупно пет пати, додека името на Никола Груевски се користи исклучиво како повод за медиумска хајка.

Доказите се несуштински и неодржани, а сведоците во неколку наврати целосно го урнаа обвинението на обвинителката Лиле Стефанова.

A.Митовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во цел свет: Откажани се летови,…

Голем број компании, банки, медиуми и авиокомпании…

СРАМОТА! Хаос со паркирање на Клинички, брза…

Хаосот со паркирање на Клиничкиот центар „Мајка…

(Видео) Целосна блокада во Брисел: Земјоделците го…

Земјоделците го блокираат сообраќајот во Брисел поради…

Арсовска најави голема акција за пошумување на…

Градоначалничката на Град Скопје заедно со екипи…