Хаос на Блаце: Се обиделе да бегаат дел од лицата што се апсеа вчера
Километарски колони се формирани на граничниот премин „Блаце“, како резултат на акција што се спроведува вечерва од страна на македонската полиција. Според информации од ТВ21, цел на акцијата се членови на криминални групи кои претходно биле следени преку посебни истражни мерки (ПИ мерки).
Информациите укажуваат дека дел од осомничените планирале да избегаат од Македонија во правец кон Косово, поради што од попладневните часови е забележано засилено полициско присуство на граничниот премин.
Планирано било акцијата да се спроведе во вторник, но поради протекување на информации од лице вработено во МВР, истата морала да биде брзо реорганизирана и извршена денеска. Засега не е јасно дали некој од осомничените успеал да избега откако планот бил пробиен.
Во моментот, ситуацијата на „Блаце“ останува напната, а јавноста очекува дополнителни информации за исходот од акцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…
Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…
Во домот на 27-годишен стружанец пронајдени 174…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.Р.…
Уапсен е еден од најбараните бегалци во…
Шведскиот државјанин Али Намдар, клучна фигура во…
За еден месец, македонската полиција запленила 97…
Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и…
Тешка сообраќајка пред Блаце – долги колони…
Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот…