ХАОС ВО СУД ВО КИЕВ: ОБВИНЕТ СЕ РАЗНЕСЕ СО БОМБА!

Обвинетиот, кој се обидел да побегне од регионалниот суд во Киев, починал разнесувајќи се самиот себеси изјави министерот за внатрешни работи на Украина, Игор Клименко.
Украинските медиуми претходно објавија дека две експлозии одекнале во зградата на регионалниот суд во Киев, каде обвинетиот држел заложници.
Полицијата соопшти дека специјалците извршиле напад врз зградата, а по експлозијата, полицаец истрчал од судот и повикал брза помош.
Изданието „Страна“ објави дека на носилки од зградата на судот биле изнесени две лица.
Игор Гумењук, обвинет за терористичкиот напад во близина на зградата на Врховната Рада во август 2015 година, како што наведуваат украинските медиуми, фрлил три гранати во судницата и зел двајца чувари како заложници.
Украинската полиција соопшти дека на местото на експлозијата работат специјални служби, кучешки експерти и експерти за експлозиви.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фајненшл тајмс: Киев се согласи на договор…
Киев се согласи со новите услови од…
Трамп: Имаме многу конструктивни преговори со Москва…
Вашингтон води многу конструктивни преговори и со…
Детонатор ѝ експлодирал во рацете на радиоводителка…
Утринава во студиото на украинската радиостаница „Армија…
Путин: Русија ќе ги искористи сите расположливи…
Русија ќе ги искористи сите расположливи средства…
Се огласи Бајден по дозволата на Киев…
Американскиот претседател Џо Бајден зборуваше за прв…