Хаос во Црна Гора: Дојава за бомба во најголемото пристаниште – евакуирани се илјадници луѓе
Во тек е евакуација на околу 1.000 вработени во пристаништето Бар, пристаништето Адри и други компании кои работат на подрачјето на најголемото црногорско пристаниште поради анонимна дојава дека е поставен експлозив.
Денеска околу пладне во седиштето на Радио Бар од непознат број се јавило машко лице кое изјавило:
„Ова е анонимен повик, поставен е експлозив во пристаништето Бар, ако не ја известите полицијата за 10 минути цел Бар ќе биде разнесен.
Директорката на ЈЛЕ Радио Бар, Весна Шошкиќ веднаш го известила началникот на полицијата Веселин Табаш, кој во вакви случаи ги презел сите мерки согласно процедурата.
Полицијата, противпожарната бригада и брзата помош се пред капијата на пристаништето Бар, пренесува Вијести.
Полицијата ги контролира сите возила кои излегуваат од пристаништето.
Потврдено е дека се чекаат специјализирани екипи од Подгорица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдена опасна рачна бомба во Кривопаланечко! Апел…
ДЗС: Пронајдена опасна рачна бомба во Кривопаланечко…
(Фото+видео) Дојава за бомба за време на…
Дојава за бомба во спортскиот центар Јане…
Рачна бомба пронајдена во Охридското Езеро
Во неделата попладне, триесет и осумгодишниот М.Д.…
Силна експлозија на бомба во Атина, била…
Силна експлозија се случи во текот на…
Експлозија на рачна граната во северниот дел…
Во раните утрински часови во северниот дел…