Хаос на белградскиот аеродром: Нови дојави за бомби ја кренаа полицијата на нозе!
Дојави за бомби на белградскиот аеродром денеска ја кренаа српската полицијата на нозе.
Информациите за наводно поставени бомби на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ пристигнале на неколку адреси во Белград. Полицијата итно излегла на терен, пренесуваат српските медиуми.
– Министерството за внатрешни работи нешто по 14 часот добило дојава за бомба на аеродромот, а полицијата е на терен, јавува Б92.
Некои белградски медиуми јавуваат дека на нивна адреса пристигнал и мејл за „наводно поставен експлозив со ампули со нервен агенс“ на белградскиот аеродром.
Наводно, се додава, на аеродромот Никола Тесла во Белград биле поставени 33 експлозивни направи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тетовец нападнал полицаец во станица во Аеродром
На 14.06.2025 година во 19.50 часот во…
Нула нови градинки за 4 години во…
Изминаа речиси 4 години откако ВМРО-ДПМНЕ ја…
Дачиќ: Убиството очигледно било нарачано, сторителите платиле…
Српскиот министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ…
Брутално убиено момче во Белград, убиецот има…
Белградската полиција синоќа ги уапси Н. Б.…
Москва со суптилно предупредување: Веруваме дека Белград…
Ја забележавме изјавата на српскиот претседател Александар…