Хеликоптерот на Доналд и Меланија Трамп итно слета во Велика Британија
Хеликоптерот „Marine One“, со кој патуваа поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија, синоќа бил принуден на итно слетување во Велика Британија поради технички проблем.
Инцидентот се случил на крајот од државната посета на Трамп, кога тој и првата дама тргнале од резиденцијата на британскиот премиер во Чекерс кон аеродромот Станстед, каде што ги чекал претседателскиот авион Air Force One.
Според соопштението на Белата куќа, пилотите забележале „мал хидрауличен проблем“ и, од претпазливост, извршиле слетување на локално аеродромче. Потоа, Трамп и сопругата безбедно се префрлиле во придружниот хеликоптер и ја продолжиле рутата до Станстед.
„Поради мал хидрауличен проблем и од претпазливост, пилотите слетаа на локален аеродром пред да пристигнат во Станстед. Претседателот и првата дама безбедно го продолжија патувањето,“ изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хеликоптерот на Доналд и Меланија Трамп итно…
Хеликоптерот „Marine One“, со кој патуваа поранешниот…
Нова семејна драма во Македонија: 36-годишна жена…
Кајдарчанка го пријавила својот сопруг М.Б. во…
Генералниот секретар на Европската демократска партија: Итен…
Србија може да излезе од кризата само…
Блумберг: Со Европа не може да се…
Континентот се соочува со „савршена бура“ од…
Хрватски аналитичар: Светот е во најопасниот момент…
Хрватскиот аналитичар за надворешна политика, Денис Авдагиќ,…