Нова семејна драма во Македонија: 36-годишна жена жртва на насилство
Кавадарчанка го пријавила својот сопруг М.Б. во полиција поради физички напад, закана со остар предмет и поставување ГПС локатор во нејзиното возило, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
Локаторот бил одземен, а на М.Б., на возраст од 35 години, му била изречена мерка за забрана за приближување кон жртвата.
– „Во ОВР Кавадарци денеска е извршен службен разговор со М.Б., постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ се заканувал со остар предмет, како и дека во нејзиното возило поставил ГПС локатор“, соопшти полицијата.
Полицијата продолжува со натамошна постапка и преземање на сите неопходни мерки за заштита на жртвата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хоџа: Инвестициите во еколошки технологии носат почист…
Напредокот на терен е очигледен, а зелениот…
(Видео) Студентите предводеа национален протест во Тирана,…
Студентите и поддржувачите на албанската опозиција денеска…
Расте бројот на загинати во Краков, напаѓачот…
Бројот на загинати во вооружениот напад што…
Македонската таеквондистка Душица Брсалиева освои злато на…
Четири борби, четири победи и ниту една…
Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во…
Шпанската цивилна гарда истражува откако телото на…