Хелсиншки комитет: Најостро реагираме на сѐ почестите случаи на злоупотреба на деца и малолетници во политички активности
Хелсиншки комитет за човекови права најостро реагира на сѐ почестите случаи на злоупотреба на деца и малолетници во политички активности во пресрет на претстојните локални избори. Иако официјалната изборна кампања завршува за неколку дена, на социјалните мрежи може да се забележат бројни фотографии и видеа каде децата се злоупотребени за политички цели од страна на кандидати и нивните поддржувачи, велат од Хелсиншкиот комитет во одговор на прашањето на Инфомакс во врска со злоупотребата на деца во политичка кампања.
– Со загриженост констатираме дека во континуитет се случуваат активности, кои не само што не се во најдобар интерес на детето, туку претставуваат злоупотреба на децата поради политичко дејствување – нешто што е забрането со Законот за заштита на децата, Конвенцијата на ООН за правата на детето и Декларацијата за заштита на детето од политичка манипулација и злоупотреба.
Ваквата пракса, за жал, е редовна појава во земјава. Во пресрет на локалните избори, во медиумите и социјалните мрежи се забележуваат повеќе вакви случаи, само неколку примери се: видео објава на неколку кандидат во која се вклучени нивни деца со повик да се гласа на претстојните избори, фотографија на кандидат за градоначалник кој на деца им дели играчки во рамки на кампањата, како и делење на промотивен материјал на деца.
Хелсиншкиот комитет упатува јасен апел до институциите, политичките партии, медиумите и родителите веднаш да престане вовлекувањето на децата во политички кампањи и да се преземат соодветни мерки за санкционирање на сите кои ги користат децата за политички цели.
Политичката злоупотреба на деца е строго забранета со закон. Согласно Член 12, став 4 од Законот за заштита на децата:
„Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување.“
Хелсиншкиот комитет потсетува дека на децата не им е место во политиката. Наместо злоупотреба, политичарите и нивните поддржувачи треба да се залагаат за создавање услови за квалитетен живот, образование и развој на најмладите. – стои во соопштението.
Инфомакс вчера објави низа кандидати за градоначалници кои се натпреваруваат во вториот круг од локалните избори, кои споделуваат фотографии и видеа од деца за време на изборната кампања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Историски најниска излезност на локалните избори: За…
Одѕивот на изборите за градоначалници и советници,…
МВР презема мерки за мирен, фер и…
Министерството за внатрешни работи за време на…
Османи: Србија се обидува да купи гласови…
Косовскиот претседател Вјоса Османи изјави дека Србија…
Истрага за злоупотреби и малтретитање во приватни…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
УНИЦЕФ: На 26.000 деца во Појасот Газа…
Над 10.000 деца во градот Газа имаат…