Објавено на:

Херојски е спасен штипскиот пожарникар Александар од пламените јазици

t

Штипскиот хуманитарец и пожарникарот Александар Горгиевски вчера едвај се спасил, а професионално сакал да помогне од пожарот кај селото Горно Трогерци, меѓу Штип и Свети Николе. Тој со колегите, цела смена, бил на терен, и како што вели за ММС, со ризик по живот со колегата Ненад се упатил за помош во селото.

Александар завршил во болница, но сега е излезен од болница и за ММС ја раскажа својата приказна и се зблагодарува на сите инволвирани, кои помогнале тој денес да е жив и здрав и повторно да е се врати меѓу свооте колеги и помага да се справиме со пожарите.

-Вчера бевме на еден од најсериозните пожари во Горно Трогерци. Ние бевме излезени на терен цела смена и во радиус на два километра гореше на седум различни локации.  Потоа добивме дојава дека треба да се повлечеме кон куќа и мини фарма, бидејќи огнот таму го носи ветерот. Ама теренот е непрооден, со карпи. Тргнавме и кога  стасавме видовме дека куќата и фармата се многу далеку, теренот е непрооден, а на грб можеш 7 кила вода да ставиш. Јас на ризик тргнав. Колегата Ненад Димов виде дека тргнав и тргна со мене,па заедно заминавме кон куќтата, за дса можеме да спасиме нешто. Но, кога стасавме  видовме дека пожарот има голелм обем. Успеавме заедниот дел да го спасиме, но пожарот го зафати кровот и од сите три страни. На задната страна имаше стар трактор и животни, во еден посебен дел. Имаше нешто како мини фарма, рече Александар за ММС и додаде:

-Со Ненад се фокусирвме на куќата. Но, од таму испадна еден тежок и црн чад. Еден дел од каблите јас го повлеков, но притоа се надишив чад и ми дојде лошо.  Кога повторно се обидов, се надишав чад од пластика и гума. Ми се слоши, и сум паднал. Последно на што се сеќавам е дека викнав по колегата Нено. Потоа не се сеќавам, бидејќи се освестив во Брза помош по половина час. Од Нено дознав дека нозете ми останале во опожарениот дел. Ако Нено на време не ме видел и извлекол ќе ми настрадале и двете нозе. Кога тој дошол до мене не сум давал знаци за живот, сум имал слаб пулс. Викал за помош, но немало никој. Потоа отишол на ридот. Качувајки се наишол на џип со доброволци, а еден од тие е Далибор Горгиев, вработен во ЕБР, специјална единица на МВР , раскажува Александар, кој сака да се заблагодари од срце на сите кои му го спасиле животот.  

Далибор како доброволец бил на терен да помага на пожарникарите, тој е и претседател на ловното друштво во Штип. Тој со колегата и уште двајца колеги се спуштил во провалијата за да ме извлечат. Кога дошле до мене ми дале прва помош, кога сум исплукал уште малку црнила од уста и нос, а потоа ме качил на грб, носејќи ме скоро километар по угорнина и тежок непрооден карпест дел. Тие што го познаваат елерот знаат какво место е тоа.  Покрај мене биле командирот Горан Стојанов и Ненад Димов, кои помагајќи му на Далибор за 20 минути со мака ме качиле на рамниот дел, каде за брзо време стасала екипата на брзата помош од Штип, која ме однеле во болница, раскажува Алексндар.

Кога се освестил во болничката кола, како што вели, прво што прашал е како е Ненад, дали е добар, бидејќи заедно биле на местото и не знаел што се случува со него.

-Единицата има потреба од луѓе и дефинитивно не сакам да седам дома. Вечер одам на работа и повторно сум на располагање на градот. Секако и јас и колегите. Господ нека не чува сите вклучени во борбата со огнената стихија низ целата држава, рече тој.

Извор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Херојски е спасен штипскиот пожарникар Александар од…

Штипскиот хуманитарец и пожарникарот Александар Горгиевски вчера…

(Видео) Ангелов го посети повредениот командир на…

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов го посети…

Осудените за 27 април Чавков, Ченто и…

Од штипскиот Затвор денеска се пуштени на…

Две активни жариша во штипскиот дел на…

Пожарникарите од рано утрово интервенираат на две…

Штипјани да не излегуваат од дома –…

Штипјани да не излегуваат од дома, а…