Хибриден клинички центар на НАТО е решение за „запустената, иселена и раселена источна Македонија“, смета Сиљановска

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето на одбележување на Денот на Армијата истакна дека во Штип би можел да се изгради хибриден модел на клинички центар на НАТО Алијансата, со што би се постигнала самоодржливост и развој.

-На пример зошто да не е можен НАТО клинички центар според врвните стандарди на Алијансата коишто во мирнодобски услови би бил на располагање на македонските граѓани, а во услови на евентуален конфликт би бил медицински центар за потребите на НАТО. Или зошто еден хибриден модел на клинички центар овде во Штип, во град со извонредна стратешка локација, добра инфраструктурна поврзаност, државен универзитет, во чиј состав влегува и медицинскиот факултет, пропратен со болница и студентски дом, рече Сиљановска Давкова.

Според неа, тоа би придонело за обнова, заживување и препород на, како што рече, „запустената, иселена и раселена источна Македонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хибриден клинички центар на НАТО е решение…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето на одбележување…

СДСМ го честита Денот на АРМ: Горди…

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија упати честитки до…

Американски бомбардери пристигнаа во Норвешка пред средбата…

Три стратешки бомбардери Б-1Б Лансер на американските…

33 години од усвојувањето на првото македонско…

На 11 август 1992 година со одлука…

Аларм во НАТО поради руските дронови во…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, разговараше…