Хибриден клинички центар на НАТО е решение за „запустената, иселена и раселена источна Македонија“, смета Сиљановска
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето на одбележување на Денот на Армијата истакна дека во Штип би можел да се изгради хибриден модел на клинички центар на НАТО Алијансата, со што би се постигнала самоодржливост и развој.
-На пример зошто да не е можен НАТО клинички центар според врвните стандарди на Алијансата коишто во мирнодобски услови би бил на располагање на македонските граѓани, а во услови на евентуален конфликт би бил медицински центар за потребите на НАТО. Или зошто еден хибриден модел на клинички центар овде во Штип, во град со извонредна стратешка локација, добра инфраструктурна поврзаност, државен универзитет, во чиј состав влегува и медицинскиот факултет, пропратен со болница и студентски дом, рече Сиљановска Давкова.
Според неа, тоа би придонело за обнова, заживување и препород на, како што рече, „запустената, иселена и раселена источна Македонија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Романскиот претседател повика на посилен надзор на…
Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…
Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…
Интензитетот на нападите во Црното Море се…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…