Хил за протестите во Србија: Насилството и вандализмот врз државните институции немаат место во едно демократско општество
Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил денеска изјави дека насилството и вандализмот врз државните институции немаат место во едно демократско општество и додаде дека легитимноста на демократските процеси зависи од транспарентноста и подготвеноста на сите да ја почитуваат волјата на народот.
„Во часовите и деновите што следат, лидерите на Србија и нејзините граѓани треба да запомнат: легитимноста на демократските процеси зависи од транспарентноста и подготвеноста на сите страни, без разлика дали се победници или губитници, да ја почитуваат волјата на народот изразена на изборите. “ напиша Хил на социјалната мрежа Х.
Тој додаде дека работата на српските изборни институции останува од клучна важност, „дури и кога Србија соработува со Оебса и другите за да ги реши недостатоците во нејзините демократски процеси“.
„Претставките треба да се поднесуваат по законски, мирни и ненасилни средства. Насилството и вандализмот врз државните институции немаат место во едно демократско општество“, напиша американскиот дипломат.
Хил нагласи дека полицијата го одржува јавниот ред и мир и мора да направи се за да ги заштити достоинството и граѓанските права на граѓаните.
„Убеден сум дека Србија ќе помине низ овие предизвици со зајакната демократија. „Сите граѓани на Србија имаат право да бидат слушнати и одговорност да ги изразат своите политички ставови на мирен начин и без прибегнување кон насилство“, заклучи Хил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протест на Србите во Северна Митровица: За…
Србите од северот на Косово денеска се…
Има само шест години: Малиот Никола од…
Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…