Ховениер: САД поддржуваат трансформација на Косовските безбедносни сили во војска!
Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер изјави дека Соединетите Американски Држави ја поддржуваат десетгодишната трансформација на КБС во армија и нагласи дека овие сили покажале зрелост за време на конфликтот во Бањска, избегнувајќи провокации кои би можеле да доведат до нови ескалации, пренесува Репортерс.
Министерството за одбрана и Косовските безбедносни сили денеска ја одржаа годишната меѓународна конференција „КБС и партнери 2023“.
„Сакам да напоменам дека за време на нападот на вооружените паравоени групи врз суверенитетот на Косово на 24 септември, косовските безбедносни сили и министерот за одбрана ја покажаа својата професионална зрелост и трпение, зајакнувајќи ја својата репутација на доверлив партнер со избегнување провокации кои би можеле да резултираа со понатамошна ескалација“, рече Ховениер.
Тој додаде дека нема проблем во континуираните напори на САД и Косово да работат заедно за да ѝ помогнат на КБС успешно да го заврши процесот на трансформирање на КБС во Армија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…
МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…
По 100 евра за косовските пензионери и…
Косовската влада додели по 100 евра како…
Трамп најавува дека ќе стави крај на…
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…
Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…
ФБИ ќе го истражува терористичкиот напад на…
Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави…