ХОРОР: Албанец од Македонија ја убил сопругата во Швајцарија
Државјанин од Македонија, на возраст од 42-години е уапсен во Швајцарија поради сомневање дека ја убил сопругата, која исто така имала корени од Македонија. Швајцарскиот портал „20мин.цх“ пишува дека тие живееле во кантонот Тургау.
Според медиумот, во петокот, околу 11 часот, мажот се јавил во Центарот за итни случаи во швајцарската област и пријавил дека фатално ја повредил сопругата.
Порталот „албинфо.цх“ пишува дека станува збор за Албанец од Македонија кој е иселеник, татко на три деца.
Македонскиот државјанин е уапсен на лице место. Според тамошните медиуми, тој не пружал отпор, соопштила кантоналната полиција Тургау. Јавното обвинителство отворило истрага, додека полицијата ги испитува сите околности.
Медиумите пишуваат дека и убиената жена има корени од Македонија. Тие се повикуваат на извори меѓу роднините. Тие имаат и три ќерки, кои се тинејџерки. Според роднините, кои зборувале со новинарите, парот имал повеќе расправии, а планирале и развод.
Опишувајќи го семејството, роднините кажале дека тие имале расправии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Дачиќ: Убиството очигледно било нарачано, сторителите платиле…
Српскиот министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…