Хорор во Мариупол: Мртвите тела се носат во мртовечница или во депонија, а ги има по стотина на ден
Во урнатините на уништените згради во Мариупол се пронајдени стотици тела, изјави советникот на градоначалникот на градот. На Телеграм, Петро Андриушченко зборуваше за „бескрајниот караван на смртта“ во окупираниот пристанишен град, каде меѓу 50 и 100 тела се извлекуваат од под урнатините и се транспортираат во мртовечници или, во зависност од состојбата на телата, во депонија.
Минатиот месец шефот на самопрогласената Народна Република Доњецк изјави дека 60 отсто од зградите во Мариупол се уништени, од кои 20 отсто не може да се обноват.
Но, во уште една објава утринава, Андриушченко рече дека претресите во областа на велиот брег престанале, велејќи: „Окупаторите конечно се префрлија на практиката на уривање куќи и одбивање да ги бараат телата на загинатите под урнатините“, објави Би-Би-Си.
Тој вели дека никогаш нема да се знае колку жители на Мариупол загинале, а колку од нив се под урнатините – а ќе бидат закопани покрај ѓубре.
„Нема зборови. Само лутина“, вели тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мариупол ќе биде целосно обновен за три…
Во тек е 474-от ден од специјалната…
Му текнало да се прошета: Од Кремљ…
Рускиот претседател Владимир Путин во последен момент…
Семејство од Мариупол го пречека Путин со…
Рускиот претседател Владимир Путин во текот на…
(Видео) Какво апсење? Путин го посети и…
Путин го посети и Мариупол, пренесуваат руските…
Прорускиот градоначалник на Мариупол преживеал обид за…
Лидерот на проруската и сепаратистичка администрација во…