Хорор во Париз: Маж со нож прободе шестмина на железничка станица

t

Најмалку шест лица се повредени утринава во Париз во нападот со нож на железничката станица Гар ду Норд, јави француската телевизија БФМ.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на Твитер објави дека „едно лице повредилo неколкумина на железничката станица Гаре ду Норд во Париз“. Тој додаде дека тоа лице било „неутрализирано“ од полициските сили.

Француските медиуми претходно објавија дека маж повредил неколку лица со нож на железничка станица и дека полицијата потоа го убила.

Францускиот железнички оператор СНЦФ, исто така, на Твитер објави дека полицијата денеска отворила оган врз „опасно лице“ кое повредило патници на една од главните железнички станици во Париз, Гаре ду Норд, и дека сообраќајот во реонот е во застој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скандал во Париз: Откажано е натпреварување поради…

Нов скандал се случи на Олимписките игри…

Мојсовска не се пласираше во финалето на…

Анастасија Мојсовска денеска настапи на ЛОИ во…

Израел ја предупреди Франција за потенцијални терористички…

Израел денеска ја предупреди Франција за потенцијални…

БРАВО! Мила Рељиќ ќе ја претставува Македонија…

Maкедонската таеквондистка Мила Рељиќ освои златен медал и стана…

Рано утрово Душко ја фатил за коси…

Рано утринава околу 5 часот српската пејачка…