Хорор во Солун: Полицаец ја убил поранешната сопруга, па се самоубил

t

На Балканот повторно силно одекна информацијата дека  полицаец, овој пат од Грција  ја уби поранешната сопруга со која имал две малолетни деца. 38-годишниот грчки полицаец со пушка ја убил 42-годишната сопруга, а потоа се самоубил. Трагично настраданиот пар има две деца, кои, според грчките медиуми, сè уште не знаат ништо за злосторството.

Според полициските информации, делото се случило во стан во месноста Каламарија.

Соседите ја известиле полицијата за пукањето. Безживотните тела биле пронајдени кога пристигнале на местото на настанот.

Убиецот ги одвел своите две деца на училиште непосредно пред да го изврши крвавиот чин.

Тој и неговата сопруга се разделени од минатата година.

Полицаецот немал службено оружје.

Според информации, полицискиот службеник Л. М. служел во одделот за технички апликации на северна Грција и немал службено оружје.

Ја застрелал сопругата со пушка, при што смртно ја ранил во стомакот.

Нивните деца моментно посетуваат психолог и се обидуваат да најдат начин да ги информираат за ситуацијата.

„Ги познавам со години, последната година беа разделени, не живееја заедно“, вели локален жител, кој ја познавал поранешната двојка.

Властите истражуваат дали мотивите на убиецот се поврзани со љубомора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пијан полицаец направи хаос во Варшава

Маж, за кој подоцна беше утврдено дека…

Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…

Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…

Погребан матичниот лекар Ацо Трпковски, нема осомничени…

67 годишниот Ацо Трпковски – матичен лекар…

УБИЕНОТО ДЕТЕ ВО ПРИЛЕП ИМА САМО 14…

Момче на 14 годишна возраст синоќа околу…

Суд во Солун доби коверт со експлозив

Експлозивен материјал содржел сомнителниот коверт откриен денеска…