Објавено на:

Хорор во Србија: Го убил татко си со лопата, па го закопал во подрумот

t

Јожеф М.(37) од Суботица е осомничен дека пред три години по расправија го убил својот татко, а потоа го закопал неговото тело во подрумот на семејната куќа.

Денеска тој ќе биде сослушан пред Вишото обвинителство во Суботица, пренесуваат локалните медиуми.

Телото на убиениот било во земја, во подрум, под голема и тешка плоча, а било откриено откако полицијата по наредба на Обвинителството извршила претрес во куќата и нејзините споредни простории.

Бизарноста на убиството можеби немало да се открие доколку не била љубопитноста на соседите.

Имено, според зборовите на еден од соседите, на прашањето за татко му, осомничениот Јожеф одговорил дека татко му нашол жена во блискиот Кантавир, а потоа отишол да живее кај пријател. Последна во низата невистини била дека неговиот татко бил во затвор на издржување на казната и требало да биде ослободен на 4 април годинава.

– Бидејќи Јожеф постариот не го видовме и по споменатиот датум, еден сосед реши `преку линкот` да провери дали навистина е во затвор. Беше шокиран кога дозна не дека не бил таму, туку дека никогаш не ни бил. Дознал дека Јожеф издржува казна поради тепачка. Со оглед на тоа дека тврдењата на Јожеф М. се покажаа како невистинити, но и поради информациите до кои дојде соседот, повикавме полиција и ја известивме за се – изјавил за српска „Политика“ еден од жителите на улицата Филип Филиповиќ.

Соседите на убиениот Јожеф откриваат дека последен пат го виделе на католички Велигден пред три години, поради што се сомневаат дека тогаш бил убиен.

Според нив, тој често знаел да пие, но не бил насилен. За разлика од него, синот често започнувал кавги со татко му, а честопати и го тепал.

– Кога полицијата дошла да го приведе, Јожеф не покажал никакви емоции. Тој дури ги прашал полицајците дали можат да го чекаат додека не земе неколку колбаси од оставата – велат соседите.

Вториот син на убиениот Јожеф, Силвестер, изјавил дека ќе побара од властите да го осудат неговиот брат на 40 години затвор за стореното.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српскиот хеликоптер ја напушти Македонија, исфрлиле 248…

Припадниците на Хеликоптерската единица и Секторот за…

Протест на Србите во Северна Митровица: За…

Србите од северот на Косово денеска се…

Има само шест години: Малиот Никола од…

Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Нови протести против ископувањето на литиум во…

Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…