Хорор на фудбалски натпревар во Германија: Тинејџер почина поради тешки повреди по тепачка
Тинејџер од Германија бил пренесен во болница каде била констатирана мозочна смрт откако бил удрен во глава за време на тепачка на фудбалски турнир во Франкфурт.
Франкфуртската полиција соопшти дека младите играчи се степале и дека 15-годишник бил удрен од фудбалер на противничката француска екипа, 16-годишник кој бил уапсен, пренесуваат германските медиуми.
Полицијата во вторникот соопшти дека 15-годишно момче било хоспитализирано со „повреди на главата опасни по живот“ откако избила тепачка за време на меѓународен младински фудбалски турнир во Франкфурт.
Властите подоцна објавија дека тинејџерот е мртов.
Инцидентот се случи во неделата веднаш по натпреварот помеѓу младинската екипа на Берлин и францускиот тим.
Шеснаесетгодишникот од францускиот тим е во затвор во очекување на дополнителна истрага од властите во Франкфурт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Татко и син учествувале во нелегални трки,…
Двајца мажи, за кои се верува дека…
Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…
Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…
Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…
(ВИДЕО) Бура ги опустоши Германија, Словачка и…
Силно невреме синоќа ги погоди Германија, Чешка…
ИФО: Редовниот воен рок може да ја…
Темата за враќање на обврската за отслужување…