Хорор на Јадранот: маж починал откако бил распарчен од пропелер
Тешка несреќа се случи на море во близина на италијанскиот град Анкона кога еден маж (62) загина откако беше удрен од јарбол на едрилица, паднал во водата и се заглавил во пропелерот на бродот.
Неговиот син, кој прв се обидел да му помогне, но не можел да го спаси.
Човекот од Анкона бил на едрилица со уште четири лица кога се случила трагедијата. Несреќниот патник бил удрен од јарболот, по што паднал во водата и починал кога бил вовлечен во пропелерот на моторот. Според првичните наоди од истрагата, тој починал на местото на инцидентот од сериозни повреди.
Најдраматичните моменти ги доживеал неговиот син, кој бил сведок на несреќата и прв скокнал да му помогне. За жал, сите обиди за пружање прва помош биле неуспешни. Младиот човек веднаш бил префрлен во болницата Торето поради шок, каде што му била укажана лекарска помош.
Капетанските власти веднаш пристигнале на местото на настанот и го следеле бродот до пристаништето Анкона. Две екипи на брза помош од „Жолтиот крст“, една од „Црвениот крст“ и медицинско возило веќе чекале таму, но немало спас за човекот роден во 1963 година.
За време на извлекувањето на телото, присутни беа полицијата и дежурниот обвинител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хорор на Јадранот: маж починал откако бил…
Тешка несреќа се случи на море во…
„Идејата не банкротира“- Зоран Витанов започнува план…
„Не ја менуваме нашата мисија, само ја…
Вучиќ со одговор на „Гардијан“: Србија не…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…
Судот ги прогласи царините за незаконски –…
Апелацискиот суд на САД пресуди дека повеќето…
Денеска се празнува Светиот маченик Мирон, презвитер
Свештеник во некое место во Ахаја, од…