Хорор: Син осомничен дека ја убил сопствената мајка во кочанско

t

74-годишна жена е пронајдена почината во нејзиниот дом во кочанското село Бели, каде живеела заедно со својо син.

Според информаиците, синот М.Р. (53) е приведен, а кај починатата В.Р. биле пронајдени траги од насилство.

На 23.11.2023, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода М.Р.(53) од кочанско. Имено, околу 09.30 во ОВР Кочани било пријавено дека во својот дом во село Бели, кочанско, во кој живеела со синот М.Р.(53), била пронајдена почината В.Р.(74).

Подоцна, при преглед на телото на починатата, лекар од Итна медицинска помош забележал траги на насилство.

Во координација со јавен обвинител телото било дадено на обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија: Син ја пронашол својата 89-годишна мајка…

– Денеска (25.07.2024) во Полициската станица Кочани,…

Син ја претепал својата 72-годишна мајка

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…

Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…

Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…

Двојно убиство во Славонски Брод – синот…

Страшна трагедија се случила во Славонски Брод…

ХОРОР! 25-годишник е осомничен дека ја тепал…

Истражен судија на Жупанискиот суд во Сплит…