Храната и пијалоците за еден месец се зголемиле за 717 денари, велат од СДСМ

t

Последните податоци за потрошувачката кошничка покажува ново зголемување во однос на месец август исто како и трошоците за храна и пијалоци кои за еден месец се зголемиле за 717 денари, истакнаа од СДСМ откако денеска стапи на сила есенската потрошувачка кошничка.

Според партијата на Венко Филипче, ова е уште една потврда дека „мерките на владата на Мицкоски се задоцнети и јасен показател дека нема да имаат реален ефект, ниту врз цените ниту врз стандардот на граѓаните“.

СДСМ смета дека „премиерот чекаше со намалување на цените на производите заради решение во интерес на интерес на трговците, а не во интерес на граѓаните“.

Од денеска во маркетите и на пазарите, дел од прехранбените производи треба да се продаваат по намалени цени. Стапи во сила владината одлука за акциската кошничка во која седумдесетина производи имаат намалени маржи.

Есенската потрошувачка кошничка според Владата треба да донесе стабилизирање на цените на прехранбените производи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ бара Таравари да поднесе оставка

Социлајдемократскиот сојуз бара од министерот за здравство…

СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во…

„Зголемените трошоци за живот се претворија во…

СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?

„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…

Починале 20 бебиња за 6 месеци –…

„Сериозно загрижувачки се статистиките за смртноста на…

СДММ: МОН ги остави студентите на цедило,…

Прес конференција на Јовица Јанковиќ – потпретседател…