Објавено на:

Хрватската фудбалска федерација демантира: Само Албанците скандираа „у*иј го Србинот“

t

Хрватскиот фудбалски сојуз добил известување од УЕФА дека „ФАРЕ“ пријавил расизам и дискриминација, но здружението навело дека спорните пароли не ги скандирале навивачите на Хрватска, туку само на Албанија, пренесува Јутарњи.
Откако ќе биде официјално соопштено, ХФС ќе добие време да одговори со жалба, по што УЕФА ќе донесе одлука за евентуална казна.

ФАРЕ (Фудбал против расизмот во Европа) известуваше за извиците „Убиј го Србинот“, како и „Србите на врбите“.

Хрватската федерација се брани и наведува дека тоа го извикувале албанските навивачи, кои биле зад голот, а биле многу гласни.

„Очекуваа дека ќе им се придружат хрватските навивачи, бидејќи тоа го скандираа на наш јазик, но тоа не се случи“, пишува Јутарњи и наведува дека „само мал дел од Хрватите се приклучиле на скандирањето“, на што ХНС ќе ја заснова својата одбрана.

„Мислам дека сме објективни кога велиме дека тоа не се слушна јасно од нашите навивачи, иако сме свесни колку е тешко политички и на секој друг начин. Кога тоа се случи претходно, ние стоевме цврсто и рековме – да, се случи Но, сега тоа би било наша вина и нема да дозволиме некој да ни го припише“, рече претставникот на ХФС.

Тој додаде дека нема хрватски знамиња со несоодветна содржина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…