Хрватска им ги крева платите на сезонските работници од Македонија
Хрватска и ова лето останува една од најпосакуваните дестинации за сезонска работа во земјава. Годинава работни дозволи ќе добијат над 13.000 луѓе од различни струки, но најмногу во угостителскиот сектор.
За да ги привлечат, Хрватите годинава се очекува да ги зголемат платите за 200 евра, па најниската за келниери и шанкери да биде 1.400 евра.
И додека домашните угостители се соочуваат со дефицит на работници , младите од државата покрај економскиот фактор, велат дека заминуваат на сезонска работа во Хрватска поради дружбата, новите познанства и можноста за живот на море во Европска земја.
– Има повеќе можности некако, подобро за работа, плус море тука, одмор, дружба и платите секако. Секоја година се зголемуваа по 200 е фактички некаде, така да оваа година ќе биде минимум 1400.
– Веќе 4та сезона по ред се враќаме во истиот хотел и платите одат константно во нагорна линија така да ние сме задоволни. Имаме сместување, имаме храна 3 пати во денот, исто така има и некои обуки кои ни ги нудат бесплатно така да од тој аспект условите се доста добри.
Дека оваа сезона ќе има зголем интерес за сезонска работа во Хрватска, потврдуваат и од агенциите што посредуваат.. Како главни причини ги наведуваат блискоста и најавата за повисоки плати..
-Она што е подобро за разлика од лани е тоа што платите се навистина поголеми, оттаму и интересот е доста зголемен, условите се подобрени за разлика од лани. Минималните плати се доста зголемени, добро е што со бонуси, со дополнителни работни часови се стигнува и до повисока плата од онаа која е договорена на самиот почеток,- -Симона Цветковска – агенција за вработување Macedo HRM.
Во Хрватска се проценува дека во 2024 година ќе бидат издадени најмалку 200.000 дозволи за престој и работа за странци, а секој десетти работник ќе биде странец. Најмногу, околу 40.000 се од Босна и Херцеговина, па следуваат Србите со нешто над 24.000 дозволи. Повеќе од бројот на Македонците ќе бидат и Непалците, над 20.000, и Индијците, околу 15.000, а ќе работат и илјадници Филипинци, Косовари, Турци, Албанци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Политички реваншизам на штета на децата,…
Политичката партија Левица реагираше на продолженото одложување,…
Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна, соопшти Пентагон
Високи американски функционери одржаа прес-конференција во Пентагон…
Иранската хакерска група „Homeland Justice“ ѝ се…
Во екот на ескалацијата меѓу Иран и…
Драма во Лазарополе: Баран криминалец фрлал предмети…
На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското…
Иранската револуционерна гарда испрати предупредување до американските…
Иранската револуционерна гарда испрати предупредување до американските…