Хулигани претепале новинарка, а тепале и ЛГБТ лица во Бања Лука

Уредничката на „Е-трафика“, Вања Стокиќ вечерва била претепана во Бања Лука, откако група хулигани нападнале новинари и активисти на Парадата на гордоста. Парадата, на која се собираат активисти од цела Босна и Херцеговина, беше забранета претходно денеска од страна на полицијата во Бања Лука.
Неколку од активистите вечерва се собраа во просториите на „Транспаренси интернешнл“ во БиХ, по што пред зградата дошле хулигани.
„Транспаренси интернешнал ги отстапи своите простории на Организацискиот одбор на „Бх. Парада на гордоста“ и на здружението „Гето“ од Бања Лука за да можат да одржат состанок. Во нашите простории се собраа активисти, а потоа дојде предупредување од полицијата за можен напад од хулигани“, изјави извршната директорка на „Транспаренси интернешнал“ во БиХ, Ивана Корајлиќ за „Журнал“.
Таа додаде дека по полициското предупредување, активистите имале намера да ги напуштат просториите на организацијата, но дека во меѓувреме хулиганите веќе стигнале до зградата, ја опколиле од сите страни и почнале да ги напаѓаат луѓето кои излегувале од зградата.
За време на тој инцидент, во просториите на „Транспаренси интернешнал“ биле новинарката Вања Стокиќ и активистот Ајдин Камбер.
„Кога излеговме, имаше триесетина хулигани напред. Се разбегавме. Пристигнаа и ме фрлија преку еден ѕид. Мене ми беше повреден лактот, а на Ајдин му скршија шише од глава. Луѓето од околните згради гледаа сè. Тие, кога се обидов да се сокријам меѓу нив, им рекоа на хулиганите дека не сум нивна. Јас и Ајдин успеавме да избегаме до автомобилот и тргнавме наоколу, барајќи други колеги. Видовме полиција и им кажавме дека во близина тепаат луѓе, на што тие ни одговорија дека немаат врска со тоа“, изјави Вања Стокиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Средните училишта низ Србија продолжуваат со бојкот…
Повеќе средни училишта во Србија од понеделник…
(Во живо) Секој втор кочанчанец во текот…
Секој втор кочанчанец во текот на 2023…
Полицаец убиен во БиХ: Убиецот неофицијално се…
Во Босанска Крупа и Бихаќ доцна синоќа…
Утре е Ден на жалост во БиХ
Владата на округот Брчко на Босна и…
ДЗС ќе испрати луѓе и опрема за…
Согласно барањето за помош што Владата на…