Објавено на:

Хулигани претепале новинарка, а тепале и ЛГБТ лица во Бања Лука

t

Уредничката на „Е-трафика“, Вања Стокиќ вечерва била претепана во Бања Лука, откако група хулигани нападнале новинари и активисти на Парадата на гордоста. Парадата, на која се собираат активисти од цела Босна и Херцеговина, беше забранета претходно денеска од страна на полицијата во Бања Лука.

Неколку од активистите вечерва се собраа во просториите на „Транспаренси интернешнл“ во БиХ, по што пред зградата дошле хулигани.

„Транспаренси интернешнал ги отстапи своите простории на Организацискиот одбор на „Бх. Парада на гордоста“ и на здружението „Гето“ од Бања Лука за да можат да одржат состанок. Во нашите простории се собраа активисти, а потоа дојде предупредување од полицијата за можен напад од хулигани“, изјави извршната директорка на „Транспаренси интернешнал“ во БиХ, Ивана Корајлиќ за „Журнал“.

Таа додаде дека по полициското предупредување, активистите имале намера да ги напуштат просториите на организацијата, но дека во меѓувреме хулиганите веќе стигнале до зградата, ја опколиле од сите страни и почнале да ги напаѓаат луѓето кои излегувале од зградата.

За време на тој инцидент, во просториите на „Транспаренси интернешнал“ биле новинарката Вања Стокиќ и активистот Ајдин Камбер.

„Кога излеговме, имаше триесетина хулигани напред. Се разбегавме. Пристигнаа и ме фрлија преку еден ѕид. Мене ми беше повреден лактот, а на Ајдин му скршија шише од глава. Луѓето од околните згради гледаа сè. Тие, кога се обидов да се сокријам меѓу нив, им рекоа на хулиганите дека не сум нивна. Јас и Ајдин успеавме да избегаме до автомобилот и тргнавме наоколу, барајќи други колеги. Видовме полиција и им кажавме дека во близина тепаат луѓе, на што тие ни одговорија дека немаат врска со тоа“, изјави Вања Стокиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бизарен случај: Уапсен Босанец откако синот хомосексуалец…

Граѓанин на БиХ завршил во регионалниот суд…

(Видео) Масовна тепачка на тинејџери во Белград,…

Како што дознава Телеграф.рс, најпрвин дошло до тепачка…

Две жени се степале во продавница во…

Полицијата информира за инцидент во кој две…

Групна тепачка во Гази Баба!

На 18.12.2023 во 22.40 часот во СВР…

Масовна тепачка во училиште во Берлин: 49…

Сѐ започнало со расправија меѓу ученици околу…