Објавено на:

Хунтата во Габон назначи нов премиер во преодната влада

t

Владејачката хунта во Габон денеска го назначи поранешниот опозициски лидер Рејмонд Ндонг Сима за премиер во преодната влада.

Армиските офицери на државната телевизија прочитаа указ со кој беше објавено именувањето на Сима за премиер.

Сима, 68-годишен економист, беше отворен критичар на претседателот Али Бонг, кој беше соборен од воените офицери со државен удар на 30 август.

Сима беше премиер од 2012 до 2014 година, а потоа поднесе оставка и се кандидираше за претседател против Али Бонг во 2016 година и повторно годинава како дел од опозициската коалиција. Бонго беше на власт од 2009 година, а го наследи својот татко Омар Бонг кој владееше 42 години.

Генералот Брис Нгуема во понеделникот положи заклетва како привремен претседател.

Нгуема вети економски реформи и рече дека сака да одржи слободни и фер избори, без да прецизира кога.

Бонго беше во домашен притвор по пучот, но хунтата во средата соопшти дека тој е слободен и може да отпатува во странство на медицински прегледи доколку сака. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ ОДЛУЧИ! Талат Џафери нов премиер на…

Централното претседателство на Демократската унија за интеграција…

Хунтата во Габон назначи нов премиер во…

Владејачката хунта во Габон денеска го назначи…

Премиер Албанец ќе ги теши незадоволните во…

На многу коментираната средба на раководството на…

Демонстрантите упаднаа во канцеларијата на премиерот: Хаосот…

Демонстрантите денеска упаднаа во канцеларијата на премиерот…

Директори и членови на УО земале поголеми…

Премиерот Димитар Ковачевски, говорејќи за потребата од реформа…