Хутите ветуваат силен одговор на нападите
Претставникот на јеменските Хути, Насрулдин Амер, денеска изјави дека нема загинати или повредени во последниот американски напад врз нивните позиции во Сана и вети „силен и ефикасен одговор“.
-Нема повредени, материјална штета или човечки загуби, изјави Амер за Ал Џезира.
Портпаролот на Хутите, Мохамед Абдулсалам, изјави дека американските напади врз Јемен, вклучувајќи го и последниот врз воената база во главниот град на земјата, Сана, немаат значително влијание врз способноста на групата да продолжи да го спречува преминувањето на бродови поврзани со Израел преку Црвеното и Арапското Море, пренесоа британските медиуми.
Првиот ден од нападот на САД и Велика Британија врз позициите на Хутите, вчераутро, на 28 локации беа погодени над 60 цели, додека утринава американската армија изврши нов напад врз Хутите.
Вашингтон и Лондон сооштија дека ја преземаат оваа операција поради нападите на Хутите врз бродовите во Црвеното Море.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…
Власта бесрамно се фали со донациите на…
Левица ја оценува како крајно дрска и…
Владата најави ново задолжување од 700 милиони…
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…